Connect with us

Вести

МЗ: Продолжува процесот на континуирано стручно усовршување на докторите по стоматологија

Министерството за здравство ги информира докторите по стоматологија дека процесот на континуирано стручно усовршување од областа на стоматологијата продолжува преку одобрени и соодветно бодирани едукативни настани од Комисијата за континуирано стручно усовршување формирана од министерот за здравство.

Во продолжение е листата на едукативни настани кои ќе се одржат во наредниот период:

– Симпозиум со меѓународно учество организиран од ЗПЗСУ-ПДДММ, датум 01.11.2025 во Дом на културата во Кавадарци;

– Симпозиум со меѓународно учество организиран од МСД Здружение на специјалисти по ортодонција Скопје, датум 08.11.2025 година во Холиде Ин, Скопје

– Симпозиум со меѓународно учество организиран од Задружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија МСД Скопје, датум 08.11.2025 година во Холидеј Ин, Скопје;

– Симпозиум со меѓународно учество организиран од Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев „ –Штип, датум 15.11.2025 година во Штип, Мултимедијален центар;

– Меѓународен симпозиум организиран од Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје 21-22.11.2025 година во МИТ универзитет (во тек е доставување на документацијата);

– Симпозиум со меѓународно учество, Здружение на специјалисти по стоматолошка протетика МСД Скопје, 29.11.2025 година;

-Меѓународен симпозиум организиран од Здружение   на ортодонти , хирурзи и  орoмаксилофацијални хирурзи  Аполон – Тетово,  6-7.12.2025 година

Дополнително, информираме дека по разгледување од Комисијата, барањето од Друштво на доктори по дентална медицина на Македонија – Куманово за организирање Симпозиум со меѓународно учество на 01.11.2025 година во хотел Хилтон, Скопје, е одбиено поради констатирани процедурални недостатоци, кои се спротивни со одредбите од Правилникот за континуирано стручно усовршување.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг