Connect with us

Останати спортови

Рељиќ деветта на Светско првенство Г-14 во Кина

Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Релиќ го освои 9. место на Светското првенство Г-14 во Вукси, Кина.

Рељик во првото коло беше слободна поради добрата ранг позиција, во второто коло, ја совлада Селидиене Карнеиро од Бразил по што следуваше пораз од домашната натпреварувачка Ксимин Чен.

Според тренерот на Македонката, Александар Ефтимов, поразот е резултат на нефер судско влијание.

– Да не се здобиевме со силната повреда против Бразил, ќе имавме многу подоминантна борба против Кина и сигурно ќе стигневме до медал. Мила едвај можеше да се движи, но за среќа имавме три часа пауза малку да се опорави. До последен момент беше прашање дали може да влезе во борба со Кинескињата. Сепак, собравме сили и мотивација, направивме тактика само со лева нога и со боксови да успееме да победиме. Со десната нога речиси не можеше ниту да удри. Во таа борба,  првата рунда беше нерешено, но судиите не дадоа ниту еден поен со удар со рака во серија од дури шест чисти удари. Овие поени ги даваат страничните судии, не ги регистрира електронскиот систем, изјави Ефтимов.

Со освоеното 9.место, Рељиќ освои нови 21.17 поени за олимписката ранг листа за квалификации за Летните Олимписки Игри Лос Анџелес 2028. Со овие поени Мила треба да се најде во првите 20-тина натпреварувачки на Олимписката ранг листа. Целта е да остане во првите 32 натпреварувачки до јуни 2026 и да може да се натпреварува на четирите Гранд при Г-6 турнири кои носат многу поени за Лос Анџелес 2028.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг