Connect with us

Фудбал

Барселона ќе гостува во Перу

Фудбалскиот клуб Барселона ги прави последните планови за пријателски натпревар во Перу во месец декември. Каталонскиот клуб на тој начин планира да надополни дел од финансискиот минус, особено по откажаниот натпревар од Ла Лига со Виљареал во Мајами.

Проценките се дека Барселона со гостувањето ќе заработи меѓу 7-8 милиони евра. Според медиумите блиски на клубот претседателот Жоан Лапорта во тренинг центарот разговарал со тренерот Ханси Флик, спортскиот директор Деко и со играчите околу одлуката за потврдата за гостувањето во Перу.

натпреварот во јужноамериканската држава би се играл по последниот дуел во шпанското првенство во декември, а пред божиќните празници.

Барселона одби да игра пријателски натпревар во Либија од безбедносни причини, но Перу како локација е атрактивна со можност за добра заработка.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг