Connect with us

Регион

Шмит во првата половина од 2026 година ќе замине од БиХ

Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит треба да ја напушти својата функција во првата половина од следната година, објави сараевскиот портал „Политички.ба“, повикувајќи се на неименувани извори од дипломатски кругови.

Порталот наведува дека тоа не значи затворање на Канцеларијата на високиот претставник, туку ќе биде избран нов висок претставник, кој мора да има одобрение од Советот за безбедност на Обединетите нации.

– На ваквиот план особено се спротивставуваат Германија и Велика Британија. Функционерите во Лондон, а особено во Берлин, предупредуваат дека спроведувањето на овој „договор“ би било катастрофален за актуелната политика на меѓународната заедница. И не само во БиХ, наведува порталот.

Шмит е висок претставник во БиХ од 1 август 2022 година, кога го наследи Австриецот, Валентин Инцко на функцијата.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3
Маркетинг