Connect with us

Регион

Претседателот на Кипар свечено ја отвори првата катедра за кипарски студии во Грција

Катедрата за кипарски студии на Универзитет „Аристотел“ во Солун, што воедно е прва во Грција, вчера беше свечено отворена од кипарскиот претседател Никос Христодулидис, а е целосно финансирана од Република Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Христодулидис катедрата ја карактеризираше како национално достигнување, како што рече, не само затоа што има за цел да ја промовира богатата историја на Кипар низ вековите, туку пред сè затоа што преку оваа катедра свесно инвестираат во новите генерации и во иднината на земјата и нагласи дека затоа и финансиската донација целосно ја презеде Република Кипар, „токму затоа што веруваме во нејзината вредност како национална обврска и мисија.“

Објасни дека уште од самиот почеток ја следел иницијативата за отворање на катедрата, која започна со владината одлука во 2021 година, во времето кога претседател на Кипар беше Никос Анастасиадис.

Како што информираа од кабинетот на кипарскиот претседател, целта на катедрата, меѓу другото е дополнително зајакнување на националните врски меѓу Кипар и Грција во академската и културната област, како и продлабочување на научните сознанија за прашања што го засегаат Кипар, како што се кипарското прашање, историјата, општеството и културата. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг