Connect with us

Останати спортови

Две злата и две бронзи за таеквондистите на охридски „Хва Ранг ИТФ“ на „Дубровник Опен 2025“

 Два златни и два бронзени медали освоија членовите на Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид на силниот меѓународен турнир „Дубровник Опен 2025“ што се одржа изминатиот викенд.

Во конкуренција на 700 натпреварувачи од девет европски земји, таеквондистите на охридскиот клуб, под водство на Христијана Парулеска, настапија во пет конкуренции.

Со златен медал се закитија Теодора Тодороска (зелен појас) и Христина Шибакоска (жолт појас) во јуниорска конкуренција до 17 години, додека бронзени одличја освоија Миа Танеска (цврен појас) во кадетска конкуренција до 13 години и Анастасија Чулческа (син појас) во јуниорска конкуренција до 17 години. Адријана Китаноска, која настапи во категоријата девојчиња 10 – 11 години, жолт појас, беше сопрена во вториот круг.

„Овие резултати покажуваат дека нашите млади таленти одат по стапките на Христијана Парулеска и дека можеме да очекуваме уште поголеми успеси на идни европски и светски првенства“, изјави претседателот на Македонската традиционална таеквондо Федерација, Марјанчо Лазаревски, изразувајќи, воедно, голема благодарност до генералниот спонзор ПН Метал, Општина Охрид и Министерството за спорт за континуираната поддршка на таеквондо спортот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг