Connect with us

Фудбал

Јамал: Реал Мадрид константно краде и постојано се жали, секогаш тоа го прават

Младата фудбалска ѕвезда на Барселона Ламин Јамал пред дербито со Реал Мадрид имаше една непримерна изјава. Тој во едно интервју изјави:

„Реал Мадрид константно краде и постојано се жали. Секогаш тоа го прават“.

Ова придонесе дополнително да збеснат во таборот на „кралскиот клуб“. Јамал се очекува да има посебен третман, а ќе треба да му пристапи капитенот на Реал Дани Карвахал. 33-годишниот Карвахал ќе треба да разговара со помладиот колега од репрезентацијата, кој покажа непочитување.

Едно е сигурно дека по изјавата Јамал нема да биде мирен на теренот, особено што непријателски кон него ќе биде и целата домашна публика и навивачи на Реал Мадрид.

Тренерот на Реал Мадрид Чаби Алонсо не сакаше да ја коментира изјавата на Јамал.

Првиот „Ел Класико“ оваа сезона почнува во 16:15 часот, а Реал Мадрид ќе брка победа и да ја прекине низата или ланските четири порази од Барселона во сите натпреварувања.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг