Connect with us

Фудбал

Шефилд Венздеј во стечај

Еден од најстарите англиски фудбалски клубови, Шефилд Венздеј, отиде во стечај, јавија денеска британските медиуми.
Одлуката автоматски ќе резултира со одземање 12 бодови од контото на клубот од Шефилд, кој со ова е убедливо на последното место во Чемпионшип со минус шест бодови.
Барањето за назначување стечаен управник во случајот е поднесено до Судот за банкрот и трговски друштва.
„Стечајот беше неизбежна последица од неколкугодишно финансиско лошо управување, немање одговорност и постојани неуспеси во наоѓањето кредибилен купувач“, соопшти здружението на навивачи на клубот.
Навивачите на Шефилд Венздеј уште на почетокот на сезоната го повикаа сопственикот Дејфон Чансири да се повлече од функцијата. Илјадници навивачи, барајќи негова оставка, дури и го бојкотираа натпреварот на својот тим против Мидлзбро во средата.
Името на Шефилд Венздеј, основан во 1867 година, стана неразделно од името на стадионот Хилсборо, местото на трагедијата на 15 април 1989 година. На тој ден, 97 навивачи на Ливерпул, кои дојдоа да го гледаат полуфиналето на ФА Купот против Нотингем Форест, загинаа во стампедо на влезот на стадионот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг