Connect with us

Регион

Поделено мислењето на Грците за забраната за одржување протести и собири пред споменикот на Незнајниот војник

За амандманот изгласан во грчкиот Парламент со кој се забранува одржување јавни собири кај споменикот на Незнајниот војник во центарот на Атина, поделено е мислењето на Грците вклучени во истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Пулс“ (Pulse) за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според резултатите, 46 отсто од испитаниците одговориле дека веројатно се согласуваат или сигурно се согласуваат со владиниот амандман, а 44 проценти рекле дека веројатно/ сигурно не се согласуваат.

Со изгласаниот амандман, одговорноста и надлежноста за одржување, грижа и промоција споменикот на Незнајниот војник што се наоѓа пред грчкиот парламент, ги презеде Министерството за национална одбрана на Грција.

Од вчера попладне конкретното министерство и општина Атина излегоа со низа соопштенија во кои си ја префрлаат топката околу надлежностите за чистење на конкретниот простор.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг