Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Башкими пресилен за Шкупи, гостинска победа на Арсими во Кавадарци

Во двата воведни натпревари од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Башкими го совлада пред своите гледачи Шкупи со 4-1, додека Арсими триумфираше на гостински терен над Тиквеш во Кавадарци со 4-3.

Башкими беше убедлив во пресметката со последнопласираниот Шкупи и до својата петта сезонска победа дојде со головите на Алексовски (10 минута), Симоновски (26), Аворнио (45+3) и Хаџиќ (54), додека почесниот гол за Шкупи го постигна Шуку (40, пенал)

Предноста на домашниот терен не успеа да ја искористи Тиквеш, иако до 84 минута имаше предност од 3-1 со двата гола на Садик (38, 41) и Ивановски (54). Воведниот гол за Арсими го постигна Шефити (48), кој од 85. до 87. минута постигна уште два гола, а целосен резултатски пресврт за Арсими донесе Таипи во судиското продолжение.

Во рамки на 10 прволигашко коло, Работнички утре ја пречекува Македонија ЃП, додека лидерот Струга е домаќин на АП Брера.

Пелистер в недела му гостува на Силекс во Кратово, додека 10 коло ќе биде комплетирано в понеделник кога Шкендија ќе му биде домаќин на Вардар.

Табела: Струга 23, Вардар 21, Шкендија 21, Силекс 18, Башкими 18, Македонија ЃП 12, АП Брера 12, Арсими 11, Тиквеш 8, Пелистер 7, Работнички 5, Шкупи 1.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг