Фудбал
Дуелот меѓу Милан и Комо на австралиско тло под знак прашалник
Натпреварот од Серија А меѓу Милан и Комо, кој треба да се игра во австралискиот град Перт, во февруари, е под сè поголем знак прашалник, јавија денеска италијанските медиуми.
Порано овој месец, УЕФА даде дозвола натпреварот меѓу Милан и Комо, закажан за 8 февруари, да се игра во Перт, откако стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано ќе биде резервиран за активности поврзани со Зимските олимписки игри 2026.
УЕФА, исто така, даде дозвола натпреварот од шпанската лига меѓу Виљареал и Барселона да се игра во Мајами, но Ла Лига попушти на притисокот на домашната јавност и се откажа од идејата.
Италијанските медиуми известуваат дека истата судбина може да го снајде и натпреварот меѓу Милан и Комо, бидејќи за дуелот да се игра во Австралија, на Серија А ѝ е потребна дозвола од Фудбалската федерација на Австралија (АФЦ) и од ФИФА.
Според извештаите, се зголемува „надворешниот притисок“ врз АФЦ да го спречи одржувањето на натпреварот во Австралија со тоа што ќе одбие да даде дозвола.


