Connect with us

Фудбал

Ла Лига го откажа натпреварот Барселона – Виљареал во САД

Виљареал и Барселона нема да играат во САД во 17. коло од шпанското фудбалско првенство, објави Ла Лига.

Натпреварот требаше да се одржи во Мајами на 20 декември.

– Ла Лига длабоко жали што овој проект, кој претставуваше историска и невидена можност за интернационализација на шпанскиот фудбал, нема да се реализира. Домаќинството на официјален натпревар надвор од нашата земја ќе беше одлучувачки чекор во глобалниот развој на натпреварувањето, ќе го зајакнеше меѓународното присуство на клубовите, ќе го подигнеше статусот на играчите и ќе го направи шпанскиот фудбал видлив на толку стратешки важен пазар како што се Соединетите Американски Држави, се вели во соопштението на лигата.

Клубовите од Ла Лига претходно стоеја неподвижни 15 секунди на почетокот на секој натпревар од 9. коло во знак на протест против одржувањето на натпреварот во Соединетите Американски Држави.