Фудбал
Макаби нема да има свои навивачи на гостувањето кај Астон вила

Навивачите на Макаби Тел Авив нема да можат да купат билети за гостинскиот натпревар против Астон вила во Лигата на Европа, објави израелскиот клуб.
Одлуката е донесена без оглед на тоа дали ќе се укине забраната за навивачите наметната од Групата за безбедност на Бирмингем (SAG).
– Благосостојбата и безбедноста на нашите навивачи се од најголема важност и врз основа на тешките научени лекции, донесовме одлука да се откажеме од продажбата на билети за гостинскиот натпревар и нашата одлука треба да се разбере во овој контекст, соопшти Макаби.
Натпреварот ќе се одржи на 6 ноември во Бирмингем.
Во ноември 2024 година, израелските навивачи беа нападнати по натпреварот од Лигата на Европа против Ајакс во Амстердам
октомври 22, 2025