Connect with us

Ракомет

Лазаров со повик за Манасков за враќање во репрезентацијата

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот од 20 играчи на кои ќе смета за претстојната недела на ЕХФ. Нашата репрезентација ќе биде во Скопје на мини подготовки, а ќе бидат одиграни и два контролни дуела со Јапонија (првиот од затворен тип) на 30.октомври, а вториот на 1.ноември со почеток во 16:30 часот во салата Автокоманда.

Селекторот за оваа недела на ЕХФ во репрезентацијата го враќа левото крило на првакот Еурофарм Пелистер Дејан Манасков, кој се наоѓа во одлична форма.

Повикот од Лазаров добија: Мартин Томовски, Никола Митревски, Иван Галевски (голмани), Дејан Манасков, Иван Џонов (леви крила), Ненад Костески, Александар Петровски (десни крила), Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски (леви бекови), Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Филип Николов (десни бекови), Мартин Ивановски, Игор Ѓорѓиев, Дамјан Митев (средни бекови), Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис (пикери) и Михаил Аларов (дефанзивец).

На листата се наоѓаат и неколку резервни играчи, а некои од нив беа повредени претходниот период: Петар Атанасијевиќ, Филип Талевски, Марко Митев, Томислав Јагуриновски, Никола Костески, Милан Лазаревски и Никола Маркоски.

Првиот собир репрезентацијата ќе го има на 27.ноември (понеделник) во хотелот Александар Палас.