Ракомет
Македонските ракометарки по втор пат загубија од Словенија

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва загуби од Словенија во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026.
Натпреварот во Битола заврши со 28:20 за гостинската селекција.
Македонките одигра добро во првото полувреме кое заврши 11:12, но во вториот дел немаа сила за посериозен отпор.
„Црвено-жолтите“ во март следната година квалификациите ќе ги продолжат со двомеч против Белгија.
октомври 20, 2025