Connect with us

Ракомет

Вардар сигурен на гостувањето во Куманово

Ракометарите на Вардар ја остварија осмата победа во првенството откако вечерва како гостин го совладаа МРК Куманово со 25:32. „Црвено-црните“ со овој триумф ја продолжија серијата без пораз во Супер лигата.

Гостите имаа предност во текот на целиот натпревар, а тренерот Иван Чупиќ им даде шанса и на играчите кои имаат и помала минутажа. Најефикасни на натпреварот беа Александар Стојков (МРК Куманово) и јапонскиот интернационалец Харуки Кавада (Вардар) двајцата постигнаа по 7 голови.

Ова беше втор натпревар од осмото коло од Супер лигата во првиот натпревар во средата Бутел – Струга 30:27.

Утре се играат три натпревари: Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер, Прилеп – Охрид и Пролет – Алкалоид.

Последниот дуел се игра на 21.октомври (вторник) меѓу Радовиш и Тиквеш.

Вардар е лидер на табелата со 16 бодови, Алкалоид има 12, Еурофарм Пелистер и Бутел по 11.