Регион
Специјалните армиски сили на Албанија, Косово, Хрватска и САД одржаа заедничка вежба

Припадници на специјалните армиски сили од Албанија, Косово, Хрватска и САД одржаа заедничка вежба за зајакнување на интероперабилноста и размена на искуства меѓу сојузничките и партнерски сили.
Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинѓи, во објава на Фејсбук, ја нагласи важноста на меѓусебната соработка и им упати честитки на сите припадници на албанските специјални сили по повод 27-годишнината од нивното формирање, за кои наведе дека имаат многу важна улога во одбраната.
Специјалните сили покажуваат највисок професионализам, посветеност и достоинство на вооружените сили и се извор на национална гордост. Ви благодарам за вашата ценета служба и придонес во заштитата на националната безбедност и вредностите на НАТО, istakna кинѓи.
Според албанските медиуми ваквите вежби сведочат за посветеноста на земјите-членки на Алијансата и нивните партнери за унапредување на стратешката соработка во регионот, додавајќи дека за разлика од Хрватска и Албанија, Косово не е членка на НАТО.
Министрите за одбрана на Албанија, Пиро Венгу, на Хрватаска, Иван Анушиќ и на Косово Ејуп Маќедонци, на 18 март годинава, во Тирана потпишаа трилатерален договор чија цел е „зајакнување на одбранбените капацитети на трите земји, зголемување на соработката во одбранбената индустрија и подобрување на воената соработка преку образование, обука и заеднички вежби“.
Заедничка оценка на министрите беше дека „овој договор е поради геополитичките и безбедносните предизвици во Југоисточна Европа, како и поради надворешните влијанија во регионот“, и оти заложба на нивните земји е зајакнување на стабилноста, безбедноста и мирот во регионот.
октомври 18, 2025