Регион
На листата на најголеми загубари во Србија се Континентал Автомотив, Железара Смедерево и Арена

Најголем загубар во Србија, во 2024 година, беше компанијата Континентал Автомотив Србија, со загуба од речиси 170 милиони евра, објави во годишниот извештај „Сто нај“ за работењето на компаниите во Србија, Агенцијата за деловни регистри.
Во Србија, Континентал Автомотив има три фабрики за автоделови – во Нови Сад, Каќ и Суботица. Таа загуба е поголема од претходната година, во 2023 година, за околу двапати.
Втора компанија на листата на компании со најголеми загуби е кинеската HBIS Group, односно Железара Смедерево. Оваа компанија ја заврши минатата година со загуба од речиси 150 милиони евра.
За споредба со 2023 година, компанијата го задржа истото, високо второ место на листата на најголеми загубари. Единствената година во која железарата оствари профит беше 2021 година.
Трета најголема губитничка во Србија, лани била компанијата „Арена Ченелс Груп“ која е во 100% сопственост на „Телеком Србија“. Како што може да се види од финансиските извештаи, во 2024 година „Арена“ има нето загуба во износ од околу 111 милиони евра, што е зголемување во споредба со 2023 година, кога загубата изнесуваше 67 милиони. Тоа е зголемување на загубите од дури 65 проценти.
Четвртата компанија со најголема нето загуба во Србија минатата година беше „Патишта на Србија“, јавно претпријатие што ја заврши годината во минус – за повеќе од 97 милиони евра, што е за две третини повеќе од претходната година.
Петтиот најголем губитник беше „Петрохемија Панчево“, со нето загуба од околу 65 милиони евра. И покрај негативниот резултат, „Петрохемија“ ги намали своите загуби за околу 58 проценти за една година. Таа компанија е во мнозинска сопственост на „Нафтна индустрија Србије“ (НИС), која е под санкции на САД од 9 октомври поради руска сопственост. Останатите десет проценти се во сопственост на Република Србија.
Спротивно на таа листа, на листата на компании со највисока нето добивка во Србија лани се најдоа „Електростопанство на Србија“, „НИС“, „Зиѓин Копер“ и „Зиѓин Мајнинг“, како и „Србијагас“.
октомври 16, 2025