Формула 1
Хамилтон се соочува со проблеми во Ферари

Седумкратниот светски првак во формула 1 Луис Хамилтон има тежок период во својата екипа Ферари. Тој тешко се адаптира на болидот, но и самиот болид не е доволно конкурентен за да биде во врвот. Дека ситуацијата е лоша покажува статистиката, каде Хамилтон по 18 одржани трки нема ниту еден подиум. Така се вбројува како втор најлош дебитант во познатиот тим од Италија.
Од почетокот на сезоната односот меѓу возачот и тимот е далеку од посакуваниот, според италијанските медиуми Хамилтон поднел барања за некои промени. Исто така Хамилтон очекува да има поголемо влијание за одлуките кога се планира стратегијата за трката.
Дополнителен проблем за Ферари се и честите инспекции од страна на ФИА за нивните болиди.
Едно е сигурно дека само со победа на некоја трка (има шест до крајот) ќе донесе мир во таборот на Ферари.
октомври 14, 2025