Connect with us

Фудбал

Диего Коста за неговото провокативно однесување на теренот: Не би променил ништо

Фудбалерот Диего Коста проговори за своето провокативно однесување на теренот за време на неговата играчка кариера.

Триесет и шестгодишниот напаѓач е без клуб од јануари 2025 година, откако го напушти Гремио.

– Ги навредував сите. Кога бев мал, немав почит кон моите противници. Мислев дека морам да ги убијам. Момчињата кои растат играјќи во академии се учат на самоконтрола и почит кон другите, но никој не ме научи на тоа. Бев навикнат да гледам играчи како се удираат со лакти и мислев дека е нормално. Гледајќи наназад, не би променил ништо. Учев од сè. Затоа сум таму каде што сум денес, изјави Коста за „ Football Talk“.

Напаѓачот играше и за Атлетико Мадрид, со кого освои две шпански првенства, две титули во Лигата на Европа и три Суперкупа на УЕФА. Тој е двократен шампион на Англија со Челзи.

Покрај овие клубови, Коста играше за Ботафого, Вулверхемптон, Атлетико Минеиро, Реал Ваљадолид и други тимови.