Connect with us

Фудбал

Руни го критикуваше Салах за настапот на натпреварот со Челзи

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, го критикуваше настапот на напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, против Челзи (1:2) во 7. коло од Премиер лигата.

-Со доаѓањето на играчи како Александар Исак, Уго Екитике и Флоријан Вирц, и парите што клубот ги потроши, што мисли Салах сега? Најдобрите играчи имаат его. Кога сè оди добро, постигнувате голови и победувате на натпревари, тимот ќе го прифати тоа. Но, во последната недела ја се сомневам во неговата работна етика. Знаеме дека Салах не секогаш се повлекува и не се брани многу, но против Челзи, неговиот бек се растргна а тој само гледаше, изјави Руни за „Би-би-си“.

Триесет и тригодишниот Салах постигна три гола и има три асистенции во 10 натпревари оваа сезона.