Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Прашање до Венко Филипче и Зоран Заев: Дали се сеќавате на овој човек?

Пред да дозволуваат реакции и соопштенија од СДС и да кажувате глупости во јавноста, да ве потсетиме на овие моменти
Не е поентата дали министер е на партиски настан, туку дали истиот ја злоуоптребува позицијата. Вие тргнувате од себе и мислите дека сите така прават. Грешите. А и знаеме зошто го таргетирате Панче Тошковски, да не е случајно заради некои муабети дека почнати се сериозни истраги против криминалци поврзани со политичари кои се одзиваат на имиња што ви се познати и ги слушате често?
Од тоа е стравот. Бидете реални. И да бидеме и ние реални, секој што правел криминал треба да го има.
Во прилог испраќаме фотографии каде што се гледа Оливер Спасовски од СДС на партиски митинзи во 2021 година, за време на изборната кампања непосредно пред локалните избори.
октомври 7, 2025