Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваме изградба на пет нови градинки со капацитет за 700 деца во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го поддржува развојот на Општина Аеродром.

За таа цел имајќи предвид дека општина Аеродром е општина во кои градинките се преполни со деца и ги надминуваат капацитетите за сместување, ветуваме во следниот четири годишен мандат изградба на 5 детски градинки, и тоа во населбите Долно Лисиче, населба Лисиче, Јане Сандански, Мичурин, како и Острово со капаците на вкупно 700 дечиња.

Со ова ќе го решиме проблемот на престој на дечињата и ќе ја намалиме листата на чекање. Ќе обезбедиме модерно уредени детски градинки по највисоки стандарди, каде што најмалите ќе можат да ги добијат најдобрите услови на згрижување, воспитно-образовни активности како и развивање на социјалните вештини.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром за локалните избори нуди мерки за сите категории на граѓани, од најмалите до највозрасните.

Идниот градоначалник Дејан Митески и советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ со проекти и работа ќе обезбедат подобра иднина за сите граѓани.

Општина Аеродром мора да продолжи да се гради и развива.

Ги повикуваме аеродромци на 19 октомври масовно да излезат за поддршка за Дејан Митески и листата за советници предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да заокружат 9.

За твојот човек

За твоето место.

За твојата иднина.

Направи го вистинскиот избор. Заокружи број 9.