Connect with us

Свет

Канцеларот Мерц ја поддржува забраната за мобилни телефони во основните училишта во Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера изрази поддршка за забраната за мобилни телефони во основните училишта во земјата, јави ДПА.

Во интервју за јавниот радиодифузен сервис ARD, Мерц рече дека се согласува со ваквата идеја што веќе почна да се спроведува во неколку европски земји.

Канцеларот, сепак, додаде дека ограничувањето на пристапот на децата до социјалните медиуми до 16-годишна возраст ќе биде многу потешко да се спроведе. Тој рече дека има голема симпатија кон земјите што веќе вовеле такви правила.

-Децата треба да научат да читаат, пишуваат и да прават математика – а не да си играат на своите мобилни телефони, рече Мерц во интервјуто, пренесе ДПА.

Неодамнешно истражување на германскиот институт Ифо покажа дека 85 отсто од возрасните Германци се за ограничување на пристапот до социјалните медиуми на лицата на возраст од 16 години и постари, потсетува германската агенција.