Connect with us

Фудбал

Компани го израмни рекордот на Хајкенс на клупата на Баерн

Победата од 5-1 над кипарски тим Пафос изминатата вечер, беше деветта во низа за Баерн Минхен под водство на белгискиот тренер Винсент Компани, а последен на кого тоа му успеа на клупата на бундеслигашкиот гигант беше легендарниот Јуп Хајнкес.

„Девет последователни победи во девет натпревари, драг Винсент Компани! Последниот што постигна нешто такво беше легендата Јуп Хајнкес во сезоната 2012/13. Помина доста време“, рече извршниот директор на клубот, Јан-Кристијан Дрисен.

Баерн во сезоната 2012/13 ја освои Лигата на шампиони, германското првенство и германскиот куп, а Компани сега се надева дека ќе го повтори тој успехот на Хајнкес.

„Јасно ставив до знаење пред првиот натпревар кој е нашиот сон, а тоа е да бидеме таму, во финалето, и доколку е можно да го освоиме. Освојувањето на Лигата на шампиони е многу тешко. Но, сега сме во средината на натпреварувањето и мора да се фокусираме само на победа во следниот натпревар“, рече Компани за своите резултати.