Фудбал
Бентанкур пред нов договор со Тотенхем

Фудбалерот од средниот ред Родриго Бентанкур е блиску до потпишување нов договор со Тотенхем, јавија денеска англиските медиуми.
Според истите избори, продолжувањето на договорот со 28-годишниот Уругваец е приоритет за лондонскиот клуб.
Во новата сезона Бентанкур одигра девет натпревари во сите натпреварувања во дресот на Тотенхем.
Уругвајскиот репрезентативец му се приклучи на лондонскиот премиерлигаш во јануари 2022 година, кога потпиша четиригодишен договор. Неговата вредност на трансфер пазарот се проценува на 30 милиони евра.