Фудбал
Осимен: Победивме многу силен тим, давајќи максимум од себе

Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен, го коментираше триумфот од 1:0 над Ливерпул синоќа во второто коло од Лигата на шампионите.
-Победивме многу силен тим, давајќи се од себе. Како играч на натпреварот, многу сум среќен, но ова е успех за целиот тим, вклучувајќи го и нашиот тренер, Окан Бурук, изјави Осимен за сајтот на УЕФА.
Галатасарај е 18. на табелата со три бода. Ливерпул е 16-ти исто така со три освоени бода.
Во третото коло, Галатасарај ќе игра против Боде-Глимт, додека Ливерпул ќе се соочи со Ајнтрахт Франкфурт. Двата натпревари ќе се играат на 22 октомври.
октомври 1, 2025