Connect with us

Регион

Саборот не го прифати предлогот на опозицијата за признавање на Државата Палестина

Хрватскиот Сабор денеска со големо мнозинство гласови го отфрли предлогот на опозицијата Хрватска да ја признае Државата Палестина.

„Против“ предлогот се изјаснија 73 пратеници, а 44 гласаа „за“, додека четворица беа „воздржани“.

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, поранешен лидер на Социјалдемократската партија (СДП), повеќе пати бараше од Владата да ја признае Палестина.

Додека владејачката коалиција предводена од Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на премиерот Андреј Пленковиќ се залага за „решение со две држави, како резултат на дијалог и мировен процес“.

Претходно, шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман изјави дека сè уште не се задоволени условите за признавање на палестинската држава, бидејќи прво треба да завршат судирите и да се ослободат сите заложници.