Connect with us

Фудбал

Нема ништо од најавите дека УЕФА ќе ги исфрли израелските екипи од нејзините натпреварувања

Нема ништо од најавите дека УЕФА ќе ги исфрли израелските екипи од нејзините натпреварувања. Израел може да „здивне“. Според израелските медиуми барем засега исфрлање на фудбалските екипи и репрезентацијата од УЕФА нема да има. Одлуката дека израелските екипи ќе ги продолжат натпреварите беше донесена непосредно пред првиот натпревар меѓу Макаби Тел Авив и ПАОК од Лига Европа одигран синоќа во Солун (0:0).

Најголем притисок за исфрлање има од Катар, но има и контрапритисок односно САД се на страна на Израел и во овој случај.

Само за потсетување со почетокот на војната во Украина, УЕФА ја исклучи Русија во 2022 година, иако сега воени дејства со учество на израелеската држава има и во Газа.