Фудбал
Екитике казнет со половина милион евра заради глупоста со дресот

Фудбалерот на Ливерпул Уго Екитике долго ќе го памети голот во вторникот за победа во Лига купот против Саутемптон. „Црвените“ забележаа победа од 2:1, а Французинот во финишот на дуелот го постигна победничкиот гол и потоа го соблече дресот.
За оваа негова глупост од судијата Томас Брамал доби жолт картон што беше негов втор и автоматски црвен и исклучување. Притоа Екитике заборави дека има веќе жолт картон. Фудбалерот на Ливерпул ќе го „прескокне“ саботниот дуел против Кристал Палас на гости поради суспензијата што значи дека Александер Исак ќе биде во тимот.
Жестока беше и реакцијата на менаџерот на Ливерпул Арне Слот, за потегот на Екитике, а како што пренесуваат англиските медиуми напаѓачот ќе биде казнет со две неделни плати или околу 500 илјади евра.
Екитике од почетокот на сезоната игра во одлична форма и ова беше негов петти гол во сите натпреварувања.
септември 26, 2025