Connect with us

Фудбал

Во најава враќање на Јамал

Тренерот на Барселона Ханси Флик, најави враќање на теренот Ламин Јамал. 18-годишниот фудбалер поради повреда пропушти неколку натпревари. Според тренерот Флик тој треба да биде на располагање за неделниот натпревар против Реал Сосиедад.

Јамал и Балде се оправија од повредите и тренираат со екипата, но сметам дека е прерано да играат во четврток вечер против Овиедо, затоа нивното враќање го планираме за неделниот натпревар., изјави Флик.

Тренерот на Барселона има посериозни проблеми со повредите на Гави, кој ќе отсуствува пет месеци како и со Фермин Лопез, кој треба да се врати на теренот во втората половина на октомври.