Connect with us

Фудбал

Симеоне: Алварез е најдобриот играч што го имаме

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го пофали напаѓачот Хулијан Алварез кој синоќа во победата од 3:2 над Рајо Ваљекано во 6. коло од Ла Лига постигна хет-трик.

– Алварез е многу добар – тој е најдобриот играч што го имаме. Мораме да се грижиме за него, мораме да му помогнеме да се подобри. Ни треба да биде со нас уште многу години во Атлетико Мадрид. Тој е фудбалер што го имаме кој може да направи разлика, изјави Симеоне за „ESPN“.

Хулијан Алварез го постигна својот прв хет-трик во Европа.

Дваесет и петгодишниот Аргентинец постигна четири гола и има една асистенција на шест натпревари во сезоната 2025/26. Неговиот договор со Атлетико важи до 30 јуни 2030 година.