Connect with us

Фудбал

Шкендија стигна до три бода против Работнички

Во одложениот натпревар од 4.коло од Првата фудбалска лига екипата на Шкендија стигна до нови три бода со триумфот над Работнички со 1:0. Гостите од Тетово постигнаа гол во 67.минута, а стрелец беше Фабрис Тамба. Голот беше потврден по прегелдувањето на ВАР снимката.

Со новата победа и трите бодови Шкендија се проби на третото место на табелата со 17 бодови или два помалку од тандемот на врвот Струга ТЛ и Вардар.

Натпреварите од следното осмо коло се играат од 27 до 29.септември.