Тенис
Алкараз ја предводи Европа на Лејвер купот

Светскиот тенисер број еден, Карлос Алкараз, ќе ја предводи репрезентацијата на Европа на осмото издание на Лејвер Купот, кој ќе се одржи овој викенд во „Чејс Арена“ во Сан Франциско.
Французинот Јаник Ноа ќе биде капитен на европскиот тим на местото на легендарниот Швеѓанец Бјорн Борг, додека Американецот Андре Агаси ќе биде новиот капитен на светскиот тим и ќе го наследи на оваа позицијата сонародникот Џон Мекинро.
Европа ја брани титулата што ја освои минатата година во Берлин, а од седумте изданија досега, европските тенисери победија пет пати.
Заедно со Алкараз, во европскиот тим се и Германецот Александар Зверев (АТП-3), Данецот Холгер Руне (АТП-11), Норвежанецот Каспер Руд (АТП – 12), Чехот Јакуб Меншик (АТП – 17) и Италијанецот Флавио Коболи (АТП – 25).
Репрезентацијата на Светот ќе ја предводат петтиот светски тенисер, Американецот Тејлор Фриц, и осмиот на АТП листата Австралиец Алекс де Минаур. Покрај нив, во составот ќе бидат и Аргентинецот Франсиско Серундоло (АТП – 21), Американецот Алекс Мишелсен (АТП – 32), Бразилецот Жоао Фонсека (АТП – 42) и Американецот Рајли Опелка (АТП – 62).