Connect with us

Тенис

Ѓорческа четвртфиналистка на турнирот во Куршумлиска Бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот од серијата 75 во Куршумлијска Бања, откако попладнево ја совлада Анастасија Золотарева со 2-0 во сетови.

Ѓорческа го обезбеди пласманот меѓу осумте најдобри тенисерки на турнирот, препуштајќи ѝ на противничката само три гемови во вториот сет во натпревар кој траеше 75 минути.

Во четвртфиналето утре македонската тенисерка ќе игра против Лили Тагер од Австрија која со 2-0 (6-4, 6-4) ја совлада Тена Лукас од Хрватска.

Двете тенисерки се сретнаа во неделата во финалето на турнирот во Букурешт, во кое Тагер ја совлада Ѓорческа со 2-1 во сетови.