Connect with us

Останати спортови

Репрезентативецот Ѓорги Ѓоргиев нов одбојкар на француски Поатје

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорги Ѓоргиев ќе ја продолжи кариерата во редовите на Поатје, објави вечерва францускиот прволигаш.

Во објавата на социјалните мрежи се наведува дека во редовите на Поатје доаѓа искусен македонски одбојкар со меѓународно искуство од настапи во Турција, Франција и Полска.

Триесетитригодишниот Ѓорги Ѓоргиев минатата сезона настапуваше за турски Пазарџик и полска Варта, а Поатје ќе биде втор француски клуб во неговата кариера, откако од 2018 до 2020 година го носеше дресот на Париз