Connect with us

Фудбал

Почнува новата сезона во фудбалската Лига на шампиони

Новата фудбалска сезона на Лигата на шампиони стартува во вторник, по втор пат во новиот формат што беше воведен минатата година, а титулата ја брани ПСЖ.

Пласман во лигашката фаза обезбедија 36 екипи и секој клуб ќе одигра осум натпревари, по четири на домашен и на гостински терен.

Првопласираните осум екипи по лигашката фаза одат директно во осминафиналето, а следните 16 влегуваат во плејофот.

Оваа сезона ќе биде отворена со неколку дерби натпревари, во кои Челзи в среда му гостува на Баерн, ПСЖ игра против Аталанта, Ливерпул го пречекува Атлетико Мадрид, додека в четврток Њукасл ќе игра против Барселона, а Манчестер Сити против Наполи.

Финалето во Лигата на шампиони е закажано за 30 мај идната година на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.