Фудбал
ПМФЛ: Силекс го продолжи максималниот ефект, Брера ја забележа првата победа сезонава

Победи за домашните екипи на саботни натпревара од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Силекс го победи Работнички со 3:1 во Кратово и го продолжи максималниот ефект.
АП Брера успеа да стигне до првата победа оваа сезона, откако во Струмица го совлада Шкупи со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Кире Стојанов во 85. минута од мечот.
Вчера Вардар ја победи Македонија ЃП со 1:0, додека Шкендија беше поуспешна од Башкими со 2:1.
Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите:
Струга ТЛ – Тиквеш (15:30 часот) и
Пелистер – Арсими (19 часот).
На табелата води Силекс со 15 бода, пред Вардар со 13, Струга ТЛ собра 12, Шкендија 10…..
септември 14, 2025