Фудбал
Гвардиола: Нема да го терам Донарума да прави работи што не му се допаѓаат

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, зборуваше за неговите интеракции со голманот Џанлуиџи Донарума.
– Нема да барам од Донарума да прави работи што не му се допаѓаат. Не го зедовме Донарума да го прави она што го правеше Едерсон. Тој има други квалитети, рече шпанскиот тренер на прес-конференција.
Дваесет и шестгодишниот Италијанец потпиша договор со Сити на 1 септември 2025 година. Договорот важи до 30 јуни 2030 година.
Голманот претходно бранеше за Пари Сен-Жермен.
септември 14, 2025