Останати спортови
СП одбојка жени: Италија првак повторно по 23 години

Женската одбојкарска репрезентација на Италија ја освои светската титула со триумфот во финалето со 3:2 во сетови (25:23; 13:25; 26:24; 19:25 и 15:8) против Турција. За италијанскиот состав ова е беше 36.та победа во серија, а покрај олимписката титула и двете во Лигата на нациите ја додадоа и светската. Последен пат Италија светската титула ја освои во 2002 година.
Европските шампиони тимот на Турција по поразот во финалето мораше да се за задоволи со сребрениот медал.
Во финалето Италија постојано беше во предност и водеше со 1:0 и 2:1 во сетови, а во решавачкиот сет италијанските одбојкарки беа убедливи и со 15:8 го добија сетот.
Во дуелот за бронзениот медал Бразил ја совлада Јапонија со 3:2 во сетови, иако имаше предност од 2:0 сепак дуелот беше решен во петтиот сет и тоа на разлика со 18:16.
септември 8, 2025