Connect with us

Фудбал

Онана има нов клуб

Андре Онана досегашниот голман на Манчестер Јунајтед ќе има нов клуб. Тој договори премин во Трабзонспор, а во клубот од Турција ќе настапува како позајмен играч. Клубовите се договорија во текот на вчерашниот ден, а голманот потоа прифати трансфер.

Позајмицата ќе трае до крајот на јуни 2026 – односно едногодишна позајмица.

Онана во Манчестер Јунајтед стигна летото во 2023 од Интер и беше наследник на Давид Де Геа, а претходно беше голман на Ајакс.

Репрезентативецот на Камерун во Манчестер Јунајтед бранеше во променлива форма. Клубот од „Олд Трафорд“ ова лето потпиша шестгодишен договор со младиот голман Сен Ламен, кој дојде од Антверпен и Алтај Бајиндир.