Connect with us

Останати спортови

Злато и сребро за македонски таеквондисти на турнир Г1 во Швајцарија

Успешен настап имаа македонските таеквондисти од ТК Бутел на силниот турнир во Швајцарија. Освоени се злато и сребро на турнир од категорија Г1.

Андреј Василевски во јуниорска конкуренција во категоријата до 63 килограми го освои златниот медал откако во финалето го совлада со 2:0 домашниот натпреварувач Нур Бурхала. Претходно оствари победи против Емил Бовсуновски од Украина и Александар Тако од Шпанија.

Ведрана Тунески освои сребро во категоријата до 48 килограми откако го загуби финалниот меч со Це Уе Чан од Хонг Конг. Македонската таеквондистка претходно постигна две победи против Ники Судова од Чешка и Дуру Бахадир од Турција.