Фудбал
Англичаните исвиркани од нивните навивачи

Фудбалската репрезентација на Англија постигна победа од 2:0 против Андора. Но, фудбалерите беа исвиркани во еден момент од нивните навивачи.
Присутната публика на „Вила парк“ не беше задоволна од резултатот, како и од тоа дека англичаните едноставно не создаваа ниту шанси, а немаа добра игра.
Англија поведе со автоголот на Гарсија, додека по свирежите Деклан Рајс го постигна вториот гол. Англија во вторник гостува во Белград против Србија.
септември 8, 2025