Останати спортови
Алекс Маркез победник на трката за Големата награда на Каталонија

Алекс Маркез е победник на денешната трка во шампионатот на Мото ГП. Возачот на Гресини беше најбрз на патеката „Каталуња“ и стигна до втората победа во сезоната и во кариерата.
Второто место му припадна на Марк Маркез од Дукати и на тој начин беше прекината неговата серија од седум победи, а на третата позиција заврши Енеа Бастијанини од Ред Бул КТМ.
Во генералниот пласман води Марк Маркез со 487 бодови, пред Алекс Маркез со 305, а трет е Бањаја со 237. Следната трка се вози на 14.септември за Големата награда на Сан Марино.
септември 8, 2025