Connect with us

Политика

Петрушевски: СДС призна дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече

СДС призна дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече, се посочува во изјавата на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја објавува интегрално.

СДС призна дека 5 години го следеле претседателот Мицкоски. Тоа значи дека не само тој, туку и неговото семејство биле предмет на следење на тајните служби.

Овие служби, наместо да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, тие биле маша за политичка борба и притисок на СДС. Главен извршител бил Виктор Димовски и свесен за последиците од признанието на СДС во паника негира и бега од последиците на своето делување.

Виктор Димовски многу добро знае што правел, и какви кривично правни последици има тоа.

Виктор Димовски да признае што правел и по чија наредба од врвот на политиката.

Следењето и прислушкувањето не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кој подоцна е избран за Републички ЈО и Врховниот суд.

Овој скандал на злоупотреба на службите не смее да остане не санкциониран.

Одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори.