Политика
Петрушевски: СДС призна дека ги прислушувале и следеле Мицкоски, новинари и бизнисмени

СДС се заплетка и призна дека го прислушкувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени. СДС најпрво тврдеше дека не прислушкувале, ниту следеле, за да сега ја свртат приказната за 180 степени и низ глупи тези да наметнуваат наратив за содржината на материјалите, вели пратеникот Бране Петрушевски во денешната изјава за која информира ВМРО-ДПМНЕ, а МИА ја пренесува интегрално.
СДС призна две работи.
Прво, дека го следеле и прислушкувале претседателот Мицкоски.
Второ, дека иако го следеле и прислушкувале 5 години, не нашле ништо спорно ниту противзаконски, а да имало одамна ќе отвореле постапка.
СДС со ова признание го даде најголемиот доказ дека целиот државен апарат бил ставен во функција на тоа тие да опстанат што подолго на власт.
ЈО не смее да молчи очекуваме акција и разрешница.
септември 7, 2025