Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС треба да молчи кога станува збор за учебници и да се извини, седум години ги оставија учениците без учебници

СДС треба да молчи кога станува збор за учебници и да се извини, 7 години ги оставија учениците без учебници, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува во целост.

Срамно е СДС да говори за некаков хаос во образованието, кога тие не успеаја во рок од 7 години, барем еднаш на први септември да донесат еден учебник за учениците.

Не само што не успеаја да направат книги, туку и постоечките не успеаја да ги сочуваат. Да не зборуваме и за мизерното однесување кон наставниците и професорите, кои беа оставени на маргините.

Сега има учебници за секој ученик, а се зголемени платите за наставниците и професорите. Се вложува во секој дел од образованието, со што е зголемен и Буџетот на ресорното министерство.

ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните.