Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Го повикуваме Обвинителството да им одговори на СДС на сите прашања и да не дозволува намерно да се создаваат шпекулации

На оваа прес-конференција на СДС има едно логично прашање. Зошто не е уапсен? 7 години на власт, следење, подметнувања, обиди за рушење во партијата, и пак ништо. Ова се само истите глупости на СДС кои ги верглаа со години, а без никаков епилог. Заштитени од обвинителството уживаат во украдените пари и шират лаги кои се гнасни и истовремено глупи, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ што МИА ја објавува интегрално.
Го повикуваме обвинителството да им одговори на СДС на сите прашања и да не ги штити нив и нивните структури и да не дозволува свесно и намерно да се создаваат шпекулации, кои СДС потоа ги користи за прљава и лажна кампања против Мицкоски. Со секој изминат ден молчење, обвинителството докажува дека игра по нотите на СДС и дека токму тие се главната пречка што во оваа држава нема борба против корупцијата.
Тие се заштитници на СДС и нивните политички наредбодавци. Ги прашуваме како е можно после 1 година без СДС и ДУИ во власта, после сите докази што им се доставени и после сите афери кои се објавуваат за кои се должни да реагираат по допрен глас, обвинителството молчи, и ги штити криминалците. Еве нека почне од овие случаи кои СДС ги наметнува и нека почне од следењето, и нека ја истражи целата работа на сите институции под ДУИ и СДС и нека ги искористи доказите и дојавите од јавноста и институциите како индиции и нека расчисти со криминалот.
Со молчење и со шурување со СДС и ДУИ, обвинителството станува дел од оската на корупција и политикантство и како и ДУИ и СДС, срам за државата.
септември 7, 2025