Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Бујар ги распродаваше македонските интереси по секоја цена, сега глуми загрижен за евроинтеграциите кои се отежнати поради него, СДС и ДУИ

Бујар Османи како “претседател” на пола свет, не успеа да направи ниту еден чекор напред за влез на државата во ЕУ, туку напротив, ги распродаваше името, јазикот и идентитетот, заедно со Заев, Филипче, Пендаровски, Ахмети и на ним слични, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално.
Политиката на најкриминалната Влада во историјата на Македонија, на СДС и ДУИ, беше да се удоволуваат потребите и барањата на Бугарија, со цел да останат ден повеќе на власт.
СДС и ДУИ, газеа врз достоинството и почитта на државата, и мислеа дека така ќе ги освојат симпатиите на народот, којшто на минатите избори ги испрати во историјата.
Погубните политики за Македонија завршија. Сега ВМРО-ДПМНЕ гордо ја претставува државата во светот.
септември 7, 2025