Connect with us

Фудбал

Митровиќ нов фудбалер на катарски Ал Рајан

Катарскиот клуб Ал Рајан објави синоќа дека потпишал договор со српскиот фудбалски репрезентативец Александар Митровиќ до 2028 година.

Ал Рајан не ги прецизираше финансиските детали од договорот на капитенот на српската репрезентација.

Митровиќ, кој е најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација со 62 голови на 100 натпревари, се пресели во катарскиот клуб од редовите на саудиски Ал Хилал за кој настапуваше две сезони и постигна 68 голови на 79 натпревари.

Ал Рајан е шестиот клуб во кариерата на Митровиќ кој претходно настапуваше за Телеоптик, Партизан, Андерлехт, Њукасл и Фулам